Ова е момчето од Босна кое го уби, па го исече на парчиња својот пријател: Вака се дознало за монструозното злосторство, а еве што е причината

Точка

10/03/2025

22:03

8.429

Големина на фонт

а а а

Според неофицијални информации, двајцата биле добри пријатели и заедно работеле во странство.

Дин Б. (22) од Високо се сомничи за убиство на момче од Сараево со иницијали П.Е. (24). Според извори, тие биле блиски пријатели, но и колеги кои работеле во странство.

Крвав конфликт поради девојка?

Според непотврдени информации, меѓу нив настанала жестока расправија поради девојка, по што Дин го убил својот пријател во сопствениот стан.

Како што претходно беше потврдено од Оперативниот центар на МВР на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК), во 18:35 часот, во Полициската станица Високо се појавило лице со иницијали И.М., кое пријавило дека лицето Б.Д. (24) од Високо му признало дека во својот стан го убило П.Е. (24) од Сараево.


Полициска истрага и апсење

Портпаролот на МВР ЗДК, Самир Валентиќ, изјави дека веднаш по пријавата, полицијата излегла на терен и потврдила дека станува збор за убиство, а вештакот ја констатирал смртта на машката жртва.

„Полициските службеници го уапсија Д.Б., роден 2001 година во Високо, под сомнение за извршување на кривичното дело – убиство. За настанот е информиран дежурниот обвинител на Канцеларијата на обвинителот на Зеничко-добојскиот кантон, кој заедно со службениците од Секторот за криминалистичка полиција изврши увид на местото на злосторството.

Идентификацијата на убиениот е во тек, па во моментов не можеме да објавиме официјални информации за неговиот идентитет. Денес, по завршување на истрагата и обезбедување на сите докази, осомничениот ќе биде предаден во надлежност на Обвинителството на ЗДК“ – изјави Валентиќ за сараевски „Аваз“.

Според неофицијални информации, осомничениот прво го убил својот пријател, а потоа го исекол телото на делови во обид да го скрие злосторството.