[ВИДЕО] Двајца мажи се бореа против три инфлуенсерки во бизарен ММА натпревар: „Ова е одвратно“

Точка

21/02/2025

20:44

2.775

Големина на фонт

а а а

Романската боречка организација „Real Xtreme Fighting“ организирала натпревар помеѓу три жени и двајца мажи. На едната страна беа инфлуенсерките и Инстаграм и Онлифенс модели: Алиша Бонита, Дениса Костеа и Марија Адријана. Нивните противници беа романскиот Тиктокер Костика Присекару и ММА борецот Себастијан Речину.

Жените имаа штитници на главата, а мажите не. Според видеоснимката објавена по натпреварот, Присекару и Речинау не попуштиле, туку со силни удари ги удирале противничките. Жените се обидоа да им возвратат, но главно беа неуспешни. Двајцата Романци славеа откако судијата им ги крена рацете прогласувајќи ги за победници.

Во текот на борбата Адријана прими удар во стомакот, а подоцна се огласи на Инстаграм. „Работата е што останав на нозе. Престанете да ги потценувате жените и престанете да ги омаловажувате само затоа што сте мажи. Не сте посебни“, напишала Адријана која при прогласувањето на победникот ги нападнала своите ривали, па морале да ја смируваат.

Луѓето се згрозени

Коментарите на Х околу оваа борба беа негативни, а луѓето се изненадени што воопшто се одржал таков натпревар.


„Зошто некој го гледа ова?“, „Дали е ова легално?“, „Зошто се дозволува ова?“, „Ова е одвратно“, „Не би учествувал во ова ниту за пет милиони долари“, „Која е поентата на ова?“, „Овие двајца треба да се борат против Џон Џонс и Френсис Нгану“, беа дел од коментарите на Х.

Ова не е првата бизарна борба во организација на „RXF“

Контроверзната романска организација „RXF“ исто така кон крајот на 2024 година организирала бизарна борба во која Присекару се соочи со женска противничка, Флоричика Дансатоаре, а гледачите беа шокирани уште пред самата борба.


Имено Присекару тргнал кон кафезот со звуците на песната „Pimp“ на американскиот рапер 50 Сент, облечен во бунда и со цигара во раката. Но тоа не беше сè, имено покрај него се наоѓала девојка која го следела чекорејќи како куче, на раце и на колена, а Присекару ја држел за поводник кој бил прицврстен околу нејзиниот врат.