Македонската кошаркарска репрезентација и официјално ги загуби сите шанси за пласман на Европското првенство по поразот кој вечерва го доживеа од Естонија во Талин со 84:65.
Нашиот национален состав одигра две различни полувремиња, па тоа на крајот донесе и убедлив пораз од 19 разлика. Избраниците на Јончевски беа рамноправни во првите 20 минути кои ги завршивме со минимална предност од 39:38.
Меѓутоа по одморот започнаа нашите проблеми, бевме многу лоши во нападот и третиот период го завршивме со едвај 11 постигнати поени, а и вкупна негатива од 58:50. Притисокот се зголемуваше, не успеавме да одговориме и во четвртата четвртина која ривалот ја одигра најефикасно, реализираше 26 кошеви и го потврди триумфот, втор за нив против нас во овој циклус.
Шортс реализираше 21 поен со 3 скока и 6 асистенции, Димитријевиќ уфрли 20 кошеви, ама со лош шут 7 од 20, додека Маслинко застана на 15 кошеви и 7 скока.
Кај победникот најефикасен беше центарот Коцар со 16 поени и 9 скока.
Во последниот меч од квалификациите ја дочекуваме селекцијата на Полска.