[ВИДЕО] Рекол дека „Хитлер бил добар човек со кој би одел на риболов“ – На претстојниот натпревар ќе се бори против Евреин

Точка

22/02/2025

14:46

1.273

Големина на фонт

а а а

Брајс Мичел (30) е еден од најдобрите борци во лесна категорија на УФЦ. Американецот, кој има рекорд во кариерата од 17 победи и два порази, неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста од сосема погрешни причини, кога јавно, преку својот Јутјуб канал, го поддржал Адолф Хитлер и го релативизирал Холокаустот.

Изјавата паднала во втор план по жестоката реакција на јавноста, а во меѓувреме челниците на Карате Комбат, компанија која организира „фул контакт“ карате натпревари донела интересна одлука.


Имено Мичел ќе се бори против еврејскиот борец Илај Барзилај во граплинг меч на 28 февруари. Инаку Барзилај беше еден од првите борци кои ги критикуваа изјавите на Мичел.

Мичел беше прозван од бројни борци како и челникот на УФЦ

„Ти си храбар со твоите мислења пред камерата. Разочаран сум што го слушнав ова од елитен спортист, не знаев дека си толку глупав. Џош (Емет) веројатно ти го уништил мозокот. Јас и моите пријатели Евреи нема да молчиме за ова“.

„Ако навистина мислиш така, те повикувам да ја задржиш таа енергија следниот пат кога ќе бидеш во моја близина, бидејќи јас ќе дојдам по тебе. Доста е со овие глупави луѓе околу нас, тие си дозволуваат премногу“,напиша Барзилај на Инстаграм.


Брајс доби осуди и од некои други борци, а Дана Вајт, челникот на УФЦ, рече дека Мичел бил „еден од најглупавите момци кои некогаш ги запознал“, но тој не му врачи УФЦ бидејќи верува дека слободата на говор е многу важна.

Што изјавил Мичел?

„Искрено мислам дека Хитлер бил добар човек. Ова го базирам на мое сопствено истражување, а не на индоктринација од јавното образование. Навистина верувам дека пред да почне да користи метамфетамин, тој бил некој со кој би одел на риболов.

„Се борел за својата земја, сакал да ја прочисти со протерување на алчните Евреи кои ја уништувале. Дали Хитлер бил совршен? Не. Но, тој се борел за својот народ, во ред? И сакал чиста нација. Знаете ли што правеле Евреите? Тие наплатуваа камати“, рекол Брајс во текот на неговиот поткаст минатиот месец.