Крис Сатон традиционално ги испорача своите прогнози за натпреварите од Премиер лигата, а викендов има неколку интересни дуели, вклучувајќи го дербито меѓу Манчестер Сити и Ливерпул.
Поранешниот напаѓач смета дека Ливерпул ќе победи на „Итихад“ за да ги зголеми шансите за титулата, додека Манчестер Јунајтед ќе освои само бод на гостувањето кај Евертон и поранешниот менаџер Дејвид Мојс.
Интересен е и типот за дуелот меѓу Астон Вила и Челси, натпревар на кој домаќините треба да победат со резултат 2:1.
Арсенал би требало да дојде до лесна победа во лондонското дерби со Вест Хем.
Манчестер Сити-Ливерпул 1:3
Астон Вила-Челси 2:1
Арсенал-Вест Хем 3:0
Евертон-Манчестер Јунајтед 1:1
Лестер-Брентфорд 1:2
Борнмут-Волвс 2:1
Фулам-Кристал Палас 2:1
Ипсвич-Тотенхем 1:1
Саутемптон-Брајтон 0:1
Њукасл-Нотингем 2:0