[ФОТО] Шок во ракометната Лига на шампиони: Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

Точка

21/02/2025

11:47

1.816

Големина на фонт

а а а

Шокантни сцени се случија во ракометната Лига на шампиони.

Ракометарите на унгарскиот гигант Веспрем го пречекаа Спортинг во рамките на Лигата на шампиони. Натпреварот го судеше познатиот дански судиски пар Јеспер Мадсен и Мадс Хансен.

Во првиот дел од натпреварот, Мадсен се онесвести среде игра, пред очите на ракометарите.

Судијата се освести, а од теренот беше изнесен на носилки. Натпреварот продолжи со само еден судија, неговиот колега Хансен.

Судиите Мадсен и Хансен беа делители на правдата што предизвикаа многу реакции со своето судење на мечот меѓу Македонија и Холандија на СП 2025 во Вараждин, Хрватска.