Светскиот лидер во областа на обезбедување дигитални услуги и корисничка поддршка, е во процес на проширување на својот тим во Македонија и нуди атрактивни и сигурни услови за работа на идните вработени. За да се приклучите, ви треба само познавање на германски јазик, а може да се работи и од дома, од сите делови на Македонија.
Teleperformance, е глобална компанија со повеќе од 500.000 вработени во над 80 земји ширум светот. Веќе шест години успешно работи и во Македонија, вработувајќи повеќе од 800 луѓе. Компанијата има мисија да ги поврзе најголемите светски брендови со нивните корисници, овозможувајќи висококвалитетна поддршка и услуга.
Teleperformance е еден од најпосакуваните работодавачи во светот
Teleperformance е еден од најпосакуваните работодавачи во светот. Она што ја прави оваа компанија привлечна за голем број вработени е можноста да се работи со најголемите глобални брендови, притоа нудејќи им на вработените натпросечна плата и бонуси, редовни награди и изненадувања за најдобрите перформери, голем број на тимски активности и водење исклучителна грижа во поглед на управување со човечките ресурси и задоволството на вработените. Потврда за тоа е и Great Place To Work® сертификатот, кој го рангира Teleperformance меѓу најпосакуваните работодавачи во светот.
Можност за работа од канцеларија или од дома
Teleperformance на своите вработени им нуди низа поволности по кои значително се разликува од останатите на нашиот пазар. Една од најголемите придобивки е тоа што вработените имаат можност да работат од удобноста на својот дом или од најсовремените канцеларии во центарот на Скопје.
Тоа значи дека на Teleperformance може да му се приклучат кандидати од цела Македонија кои преферираат да работат од дома, а компанијата ќе им ја обезбеди сета потребна опрема за работа.
Ова е работно место по светски стандарди
Teleperformance нуди работно место по светски стандарди. Тоа значи работа со најсовремена опрема, темелна обука за работа која е платена од првиот ден, приватно здравствено осигурување и безброј можности за напредување и кариера во земјата и во странство.
Описот на работната позиција е агент за корисничка поддршка, одговорен за давање компетентни и услужно ориентирани совети за клиентите на компанијата.
Клучен услов за да станете дел од овој успешен тим е добро познавање на германски јазик. Воедно, ова е можност за понатамошно развивање на вашите комуникациски вештини, што исто така може да ви отвори големи врати за напредување во кариерата.
Како да станете дел од Teleperformance?
Сега, компанијата ги отвора вратите за сите кои го познаваат германскиот јазик, нудејќи атрактивна плата и одлични бонуси за секој нов вработен што ќе се приклучи, без оглед на тоа дали ќе работи од канцеларија или од дома, од кое било место во Македонија.
Зборувате германски? Аплицирајте на TPSkopje.com и приклучете се на големото семејство на Teleperformance во Македонија!
Комерцијален текст