Зеленски: Мирот мора да биде траен

Макфакс

21/02/2025

07:44

859

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена да работи брзо за да постигне силен договор за инвестиции и безбедност со Соединетите држави, велејќи дека средбата со американскиот претставник Кит Келог ја враќа надежта за успех.

„Потребни ни се силни договори кои навистина ќе функционираат. Наложив да работиме брзо и на многу, многу еднаков начин. Деталите од договорот се важни. Колку подобро се разработени деталите, толку подобар е резултатот“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање, нагласувајќи дека економијата и безбедноста одат рака под рака.

Средбата со Келог се одржа еден ден откако Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп разменија остри зборови и во време кога започнаа американско-руските преговори за ставање крај на тригодишната војна во Украина, на која самата Украина не беше поканета.

По средбата со Келог, Зеленски на X рече дека Украина мора да се погрижи мирот да биде цврст и траен, за Русија никогаш повеќе да не може да уништува животи. Разговорите со Келог следеа по отфрлањето на Украина на првичниот предлог на САД за извоз на украинските ретки метали.

Во коментарите на X, Зеленски исто така рече дека неговиот разговор со Келог се фокусирал на ситуацијата на бојното поле, безбедносните гаранции што Украина ги бара и враќањето на воените заробеници. „На сите ни треба мир. Украина, Америка и целиот свет“, рече тој.