[ФОТО] Јапонски изум: Кутија која им помага на гејмерите да играат видеоигри в кревет додека другите спијат

Точка

05/02/2025

12:31

336

Големина на фонт

а а а

Јапонската лајфстајл компанија „Bibilab“ создаде креативно решение за љубителите на видеоигрите. Станува збор за преклоплива кутија со проѕирни џебови за телефон или гејмерски уред со екран до седум инчи. Овие димензии се совпаѓаат со големината на „Nintendo Switch“, така што ентузијастите на ретро конзолите можат да уживаат во своето хоби. И тоа в кревет.

Дизајнерите велат дека овој иновативен производ е „прекрасен храм“ за гејмерите.


„Sleep shelter“ (засолниште за спиење), како што го нарекуваат, им овозможува не само на гејмерите, туку и на љубителите на филмови да легнат на грб или на страна и да ги гледаат своите омилени ликови. И сето тоа благодарение на џебовите на страните на кутијата и на покривот.


Има и други практични детали. Тие вклучуваат: мрежести џебови за чување очила, џојстици или други ситници, како и кука за организирање на кабли за полнење или светилка доколку сакате да читате во вечерните часови.



Кутијата има ширина од 90 цм, а изработена е од материјал кој го спречува продирањето на светлината на екранот од надвор од кутијата. На овој начин светлото на телефонот нема да ги вознемирува оние со кои корисникот ја споделува собата или креветот.

Има и завеса кој може да се спушти во случај да сакате да се одморите, а не сакате утринското сонце да ве разбуди.



На страните има и отвори за вентилација кои не дозволуваат во кутијата да стане премногу задушливо. Кога не се користи, „sleep shelter“ може лесно се склопи и складира.

Достапен е на платформата „Amazon Japan“ за 12.000 јени, што е околу 75 евра.