Samsung го редефинира искуството – иднината е тука и сега со новата ера на мобилната вештачка интелигенција со Samsung Galaxy S25

Точка

05/02/2025

13:27

218

Големина на фонт

а а а

Скопје, 5 февруари 2025 г. – Серијата паметни телефони Samsung Galaxy S25 беше официјално претставена во Скопје, означувајќи го почетокот на продажбата, која ќе започне на 7 февруари.

Гостите имаа можност да ги истражат новите функции на серијата Galaxy S25 преку интерактивните Galaxy димензии и од прва рака да ја доживеат моќта на вештачката интелигенција. Функциите како интуитивно пребарување на фотографии, паметни потсетници, моќните камери и напредната оптимизација на перформансите покажаа како Galaxy AI го подобрува секојдневното користење на паметните телефони, правејќи го поедноставно и поефикасно.


Ова не беше обичен настан – беше спектакл кој комбинираше иновација, интеракција и уметност во целосно нов формат. Од AI-driven димензиите до светлосното шоу кое симболично ја заокружи приказната, Samsung уште еднаш докажаа дека не само што креираат уреди, туку и нови начини на доживување на технологијата.

Гостите од прва рака ги тестираа главните ѕвезди на денот – Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25. Функциите како интуитивно пребарување на фотографии, паметни потсетници, моќните камери и напредната оптимизација на перформансите покажаа како Galaxy AI го подобрува секојдневното користење на паметните телефони, правејќи го поедноставно и поефикасно.


Раководителот за односи со јавност од Samsung Electronics, Иван Полојац, нагласи како технологијата Galaxy AI е интегрирана во секоја точка на интерфејсот, а како One UI 7 создаде платформа каде секоја интеракција е беспрекорна.

„Вашиот телефон сега го разбира контекстот на сето она што е на екранот – глас, слики, текст и многу повеќе – предвидувајќи ги вашите потреби и барања.“

Новата серија Galaxy S25 воведува клучни иновации кои го обликуваат корисничкото искуство. Прво, серијата S25 нуди вистински AI придружник, чиј AI агент овозможува поприродна и интуитивна интеракција. Во комбинација со интегрираната AI платформа се подобрува поврзаноста на уредите, додека персонализираната AI гарантира безбедност, приватност и прилагодени AI функции според потребите на секој корисник, правејќи ја оваа серија совршен AI придружник.

Друга клучна иновација се Напредните перформанси на серијата со реалистично гејминг искуство и значително подобрена термална ефикасност. Да не заборавиме, серијата Galaxy S25 работи на Snapdragon® 8 Elite for Galaxy, најмоќниот процесор досега во серијата S, со 40% подобрување на NPU, 37% на CPU, и 30% на GPU во споредба со претходните генерации.


И на крај, серијата Galaxy S25 обезбедува ултра-детални фотографии во секој опсег благодарение на сензорите со висока резолуција и ProVisual Engine, поставувајќи нов стандард за мобилната фотографија и обезбедувајќи совршено визуелно искуство со помош на AI.

Покрај ексклузивниот прв поглед на новите уреди, гостите уживаа во релаксирано дружење со DJ, создавајќи совршена атмосфера за размена на импресии и дискусија за технолошките иновации кои ја обликуваат иднината на мобилната индустрија.

Серијата Samsung Galaxy S25 официјално ќе биде достапна за купување кај мобилните оператори и малопродажните партнери од 7 февруари.

За повеќе информации за уредите, посетете ја официјалната веб-страница на Samsung.

За Samsung Electronics


Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.