Овогодишните 67. Греми награди во Лос Анџелес имаа сосема поинаков тон од претходните години. Оваа прослава на музиката, чиј домаќин петта година по ред е Тревор Ноа, организаторите ја дизајнираа на нов начин, со цел да се соберат средства за помош на музичките професионалци погодени од пожарите во Лос Анџелес.
Сепак, додека водечките личности од индустријата изразија поддршка за Лос Анџелес и неговите спасители, тие исто така се собраа да ги прослават најголемите музички достигнувања во изминатата година. Пред да се доделат позлатените грамофони, бројни ѕвезди прошетаа на црвениот тепих, носејќи ги препознатливите модни креации кои станаа синоним за Греми наградите
За оваа посебна вечер, Сабрина Карпентер и нејзиниот стилист Џаред Елнер ја подигнаа пин-ап естетиката од турнејата „Short n‘ Sweet“ на повисоко ниво во креација на Џонатан Андерсон. Фустанот имал изразена доза на драма – од екстремно отворениот грб до ѓерданот Шопард со масивен дијамант во облик на круша, кој исто така служел да го држи деколтето на фустанот. Силуетата на шоугрл е максимизирана со акценти на марабу пердуви на половината и крајот на фустанот. За време на прошетката по црвениот тепих, нејзиниот тим се обидел да постави сè како што треба за да „летаат пердуви“ со фенси итисон.
Карпентер, која претходно го користела црвениот тепих за да ѝ оддаде почит на Мерлин Монро, продолжила во сличен дух, овојпат земајќи инспирација од ликот на Луиза Меј Фостер, која ја игра Ширли Меклејн во „What a Way to Go!“ од 1964 година.
Ако постои нешто што треба да се знае за Чапел Роан, тоа е дека таа сака модни референци. За нејзините први Греми награди, Шапел и нејзиниот стилист Џенезис Веб се инспирирале од познатата слика на Едгар Дегаса „Танчарката со букет“, носејќи раскошна интерпретација на инспирацијата за балет. Шапел допрела длабоко во модните архиви, избирајќи го финалниот изглед од модната колекција на Жан Пол Готје за пролет 2003 година, првично носена на модните писти од Маријакарла Босконо.
Спектакуларниот фустан имал рачно насликани потези од канаринско жолто и пастелно сино на корсет боди, со тридимензионални украси во форма на бобинки и цвеќиња. Здолништето, во асиметричен крој, било украсено со принт од балерините на Дега. Додека во нејзината препознатлива црвена коса ја ставила оригиналната трака за коса од шоуто, Чапел ја заменила црната кадифена огрлица со проѕирна сина, која одговарала на фустанот. Оперските ракавици со отсечени прсти биле завршниот допир за да се истакне маникирот обложен со злато.
Лејди Гага зачекорила на црвениот тепих на Греми како вистинска хероина од готски роман. Таа носела драматична црна креација направена специјално за неа од Семјуел Луис, со кожен корсет со висок врат и остри, нагласени ракави, додека долниот дел бил асиметрично обвиткан паѓајќи на подот во театарски слоеви. Лејди Гага е позната како личност која сака да ги открива и промовира дизајнерските ѕвезди на иднината, па затоа вреди да се запамети името на авторот.
Изгледот го комплетирала со винтиџ ѓердан „Tiffany & Co.“ златно синџирче со сјајна зелена амајлија, додаток кој на целиот изглед му дал мистичен шмек во склад со атмосферата на нејзиниот нов албум, кој треба да излезе во март.
Мајли Сајрус пристигнала на црвениот тепих облечена во тесен црн кожен фустан од „Saint Laurent“. Моделот имал отвор во пределот на стомакот, создавајќи футуристички, но провокативен изглед. Изгледот го заокружила со златни акценти – сјајни нараквици и масивни прстени на „Tiffany & Co“.
Оливија Родриго, исто така, се одлучила за архивски моден момент, облечена во смело исечен вамп фустан од архивите на Версаче. Таа ја откри својата стилска формула, на која ѝ е верна, бидејќи овој фустан е речиси како негатив на нејзиниот изглед на минатогодишното Греми, кога носеше уште еден од инстантно препознатливите неверојатни фустани на Atelier Versace. Оваа година изборот на накит падна на „Tiffany&Co“.
Тејлор Свифт на доделувањето на наградите пристигнала меѓу последните, облечена во црвен мини фустан на Вивиен Вествуд со боди од корсет, една прерамка и асиметрично долен дел, кој бил подигнат од едната страна. Под неа, се гледаше бисерна нараквица со буквата „Т“ на неа – потенцијална референца на нејзиното име или на нејзиниот партнер Тревис Келце.
Свифт ја продолжила својата монохроматска црвена модна приказна со високи сандали, тенки потпетици како жилет, каскадни обетки, едноставен прстен од „Lorraine Schwartz Jewelry“, црвени нокти и нејзиниот препознатлив црвен кармин.
И дали мислевте дека ова ќе помине без Бијонсе? Иако го прескокна појавувањето на црвениот тепих, Бијонсе (која имаше најмногу номинации оваа година) сепак пристигна во салата за да ја прими наградата за најдобар кантри албум на годината од Тејлор Свифт, а потоа останала до крајот да ја подигне познатата статуа на грамофон за албум на годината.
Таа се појави на сцената во блескав фустан од златни и бели мониста чиј вез го евоцираше моделот на марами од бандани кои ги носеа каубоите, со соодветни ракавици. Фустанот е специјално направен за неа во куќата Скиапарели, каде креативен директор е нејзиниот колега од Тексас Даниел Роузбери. Зад овој изглед стоеше нејзината долгогодишна стилистка Шиона Турини, која избра накит со дијаманти и „Lorraine Schwarz“ за максимален изглед.
Но, за жал, и покрај сложените и беспрекорно изведени детали од оваа креација, се чинело дека на сцената се случила несреќа во гардеробата, додека жицата од корсетот ѕиркала и се вметнала во горниот дел на нејзиниот фустан.