Јувентус најде замена за Влаховиќ

Макфакс

01/02/2025

15:01

508

Големина на фонт

а а а

Раководството на Јувентус сака во летниот преоден рок да го засили тимот со Виктор Осимен, како замена за Душан Влаховиќ, кој речиси сигурно ќе го напушти тимот.

Српскиот интернационалец ќе го заокружи тригодишниот циклус и не се очекува да остане во клубот по летото, откако неговите менаџери решија да ги прекинат преговорите за продолжување на соработката кога слушнаа дека раководството нема намера да му ја зголеми платата, објавија италијанските медиуми.

Договорот на Влаховиќ истекува во 2026 година, а раководството сака да го продаде ова лето за да го спречи да си замине од клубот како слободен играч без обештетување.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, прва опција за замена на Влаховиќ е Осимен, кого го цени директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли. Тој го донесе Осимен во Наполи во 2020 година и би сакал да работат заедно во Торино.

Во Јувентус се уверени дека Џунтоли ќе го убеди Нигериецот да дојде во Торино. Осимен е позајмен од Наполи во Галатасарај.