Спектакл за паметење, солзите на Нејмар и преполн стадион на камбекот на векот!

Точка

01/02/2025

11:23

1.167

Големина на фонт

а а а

Сантос вечерва го пречека својот херој – Нејмар!

По 12 години Нејмар се врати во својот матичен клуб, каде што порасна и од каде во летото 2013 година направи трансфер во Барселона.

Повратното патување го однесе низ Каталонија, Париз и Саудиска Арабија, а иако потпиша само краткорочен договор до летото, тоа не ги спречи навивачите да го наполнат целиот стадион „Вила Белмиро“.

Над 15.000 фанови го пречекаа својот „син“, кој не можеше да ги скрие емоциите и солзите радосници при враќањето во Сантос.

Патем, верувале или не, Нејмар во првиот мандат во Сантос до својата 21 година одигра 225 натпревари, постигнувајќи 136 гола и 64 асистенции, што значи дека учествувал во точно 200 гола за првиот тим.

Ќе видиме каков ќе биде сега, во многу послаба форма и за жал, на крајот од кариерата.

Погледнете ги сцените од вечерашното претставување …