Колумбискиот напаѓач Џон Дуран, поранешен играч на Астон Вила, е новото засилување на Ал Наср, објави саудискиот клуб чии дрес го носат големите ѕвезди Кристијано Роналдо и Садио Мане.
Новиот напаѓач на тимот од Ријад на грбот ќе ја носи „деветката“.
Дуран во Астон Вила пристигна од Чикаго Фајр за 18 милиони фунти (околу 21,5 милиони евра) во јануари 2023 година.
Оваа сезона, 21-годишниот фудбалер постигна 12 гола на 29 натпревари за Вила. На вкупно 78 натпревари постигна 20 гола, од кои само седум ги започна како стартер.
Клубот од Ријад, престолнината на Саудиска Арабија не штедеше за обештетувањето, на Астон Вила и плати 65 милиони фунти или околу 77.731.200 евра. Дуран во новито клуб ќе добива пет пати поголема плата.
Годишно во Вила заработуваше 3,9 милиони евра, а во Ал Насар неговата плата ќе изнесува 20 милиони евра.
A number that carries history and glory at AlNassr 🌟
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) January 31, 2025
The iconic No. 9 is back! 🔥#DuránIsYellow pic.twitter.com/PTyvfllhTS