[ВИДЕО] Пречекан како крал: Нејмар се врати дома– слета со хеликоптер каде што почна се

Макфакс

31/01/2025

23:02

732

Големина на фонт

а а а

Бразилецот Нејмар (32) слета во Бразил каде во наредните часови ќе биде пречекан на стадионот „Вила Белмиро“ на Сантос, каде за него започна се пред 12 години.

Да потсетиме, Нејмар неодамна го раскина договорот со својот поранешен клуб Ал-Хилал каде едвај играше, а тој раскин го чинеше 60 милиони, но Бразилецот има свои калкулации и покрај финансиската загуба, а најважното нешто што му требаше на оваа фаза од кариерата – е да се врати дома.

Бразилските медиуми објавија дека Нејмар летал од Саудиска Арабија преку Нигерија до аеродром во близина на Сао Паоло, а потоа за потребите на своите спонзори бил пренесен со хеликоптер до стадионот во Сао Паоло, каде што дебитирал на 7 март 2009 година.

Тоа ќе биде неговата последна станица пред враќањето дома, каде неговиот клуб Сантос му подготвува спектакуларен настан.

Сцената е подготвена, трибините ќе бидат исполнети, можеби до последното столче, сите сакаат да бидат сведоци на историски момент – враќањето дома на еден од најголемите играчи што Сантос му ги подари на Бразил и на светот.

Навивачите веќе формираа редици пред официјалната клупска продавница, која во продажба пушти дресови со името на Нејмар, кои, како што можете да замислите, се продаваат како колачи.

Поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен ќе одржи прес-конференција по слетувањето во Вила Белмиро, за која се вели дека е една од најпосетените во историјата за вакви прилики.