Сити подготвува уште еден трансфер, Нико Гонзалес од Порто

Макфакс

01/02/2025

13:18

218

Големина на фонт

а а а

Манчестер сити не завршиле со активностите во зимскиот преоденр рок. На „Етихад“ пристигнаа тројца нови фудбалери, четвртиот би можел да биде Нико Гонзалес.

Нико Гонзалес е голема желба на Пеп Гвардиола. Менаџерот на Сити смета дека тој би бил одлична замена за Родри.

Нико оваа сезона брилјира во дресот на Порто. Шпанецот е еден од лидерите на тимот, кој ги покрива сите позиции во средниот ред. Според месиумите челниците на Сити ги започнале преговорите.

Порто би сакал да го задржи до крајот на сезоната, но во овој случај клубот од Португалија најмалку се прашува.

Имено, Нико во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра. Ако Сити ја активира клаузулата, Порто нема да може да реагира.

Интересно доколку трансферот се случи, 40 отсто од сумата (24 милиони евра) ќе добие Барселона.

Нико Гонзалес (23) во 2023 година за сума од осум милиони евра од Барселона замина во Порто. Барселона тогаш задржа право на 40 отсто од наредниот трансфер.

Сити во овој преоден рок ги доведе Витор Реис, Омар Мармуш и Абдукодир Хусанов.