Го регулира воспалението во телото и ги топи килограмите: Со редовно пиење на овој напиток, закрепнува целиот организам

Точка

31/01/2025

12:42

1.066

Големина на фонт

а а а

Редовното пиење на овој пијалак може да го подобри варењето, да го зајакне имунитетот и да ја поддржи функцијата на црниот дроб. Покрај тоа, сè повеќе луѓе зборуваат за неговиот потенцијал во превенцијата на одредени видови на рак.

Благодарение на силните антиоксидантни својства, „златното млеко“ делува благотворно на организмот, а топлината на напитокот во комбинација со соодветните зачини и масти максимално ја активира моќта на куркумата, пишува „Healthline“.

Куркумин – тајното оружје на куркумата


Куркумата содржи околу 3% куркумин – активна состојка која ѝ ја дава својата карактеристична портокалова боја и изобилува со здравствени придобивки. Познато е дека куркуминот го подобрува варењето на мастите и шеќерот, помага во регулирањето на воспалението во телото и може да придонесе за губење на тежината.

Рецепт за златно млеко

За подготовка на овој напиток ќе ви бидат потребни неколку основни состојки: куркума, малку бибер и извор на маснотии, како млеко (кравјо или растително), кокосово масло итн. Оваа основа може дополнително да се збогати со зачини и адитиви по ваш избор.

Состојки:


2 dl млеко (органско, бадемово, кокосово, овес …);

1 лажичка куркума во прав;

1/2 лажичка цимет;

Прстофат црн пипер;

Парче излупен корен од ѓумбир или 1/4 лажичка ѓумбир во прав;

Прстофат кајен пипер (по избор);

1 лажичка мед или јаворов сируп.

Подготовка:


Измешајте ги сите состојки додека не добиете изедначена смеса. Смесата се истура во тенџере и се загрева 3-5 минути на средна температура, внимавајќи да не зоврие. Послужете додека пијалакот е сè уште топол и уживајте во неговите благодати!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk