Дали сте слушнале за тестенината „ожени ме“? Овој вкусен оброк со интересен назив ќе ве воодушеви

Точка

31/01/2025

10:18

1.269

Големина на фонт

а а а

Љубовта дефинитивно влегува преку уста, а доколку подготвите тестенини „ожени ме“ со шкампи, можеби ќе добиете предлог за брак.

Потребни состојки:


340 гр каламари или ригатони тестенини

45 гр исчистени шкампи

40 грама сечкани сушени домати

Две големи лажици масло

Една и пол лажица доматно пире

Пет големи главици лук

Една и пол лажица брашно

240 милилитри бело вино

200 грама кисела павлака

65 грама чадена пиперка

Лажичка и пол сушен италијански зачин

120 грама пилешки бујон

150 грама рендан пармезан и свеж босилек


Подготовка:

Сварете ги тестенините во солена вода, исцедете ги и оставете ги на страна. Загрејте две лажици масло во голема тава на средна топлина. Додадете ги шкампите и пржете додека не да добијат боја од двете страни. Префрлете ги во сад и оставете ги на страна.

Во тавата ставете го сушениот домат, доматното пире и лукот. Мешајте постојано, додадете го брашното и продолжете со мешањето. Потоа истурете го виното и варете уште околу две минути.


Додадете ги пилешкиот бујон, павлаката, пармезанот, италијански зачини и пиперката. Продолжете со варење на средна температура, повремено мешајќи додека смесата се згусне.

Намалете ја температурата и додадете ги тестенините и шкампите а во тавата. Варете и мешајте додека сè се соедини, околу три минути. Отстранете го јадењето од огнот и додадете босилек. Пријатно!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk