Аудио снимка од контролата на летање во Вашингтон: Никаква реакција од хеликоптерот на предупредувањата

Макфакс

30/01/2025

09:12

762

Големина на фонт

а а а

Неколку моменти пред падот на патничкиот авион, може да се слушне контролор на летање како го прашува хеликоптерот дали „на видик“ има патнички авион на Американ Ерлајнс, според Си-ен-ен.

Контролата на летање дава уште едно предупредување, но неколку секунди подоцна доаѓа до судир.

Аудио снимката не покажува никаква реакција од хеликоптерот на предупредувањата на контролата на летање.