Стружанец крадел струја: Со посебен уред вршел промени во потрошените киловати

Макфакс

19/02/2025

16:46

850

Големина на фонт

а а а

ОВР Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга и против А.Р.(28) од Струга, сопственик на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Пријавениот А.Р. , без согласност од надлежен оператор, во просториите на неговиот правен субјект, неовластено поставил посебен уред кој вршел промени во потрошени киловати на електрична енергија, со што се стекнал со протиправна имотна корист.