Апокалипсата е поблиску: Часовникот на Судниот ден е поместен на 89 секунди до полноќ!

Точка

28/01/2025

21:40

1.739

Големина на фонт

а а а

Минатата година стрелките на часовникот останаа на 90 секунди до полноќ, а како причини беа наведени конфликтите во Украина, Израел и Газа, како и зголемените тензии меѓу Кина и Тајван.


Часовникот на Судниот ден, поставен од Bulletin of the Atomic Scientists, оваа година е поместен на 89 секунди до полноќ.

Во последниве години, климатските промени станаа значаен фактор за поместување на часовникот, особено со разорните пожари во Калифорнија и моќните урагани кои оставија илјадници без покрив над главата.

Оваа година, Билтенот на атомските научници ги истакна нуклеарната ескалација, климатските промени, напредокот на технологии како вештачката интелигенција, како и ширењето на дезинформации и теории на заговор, како клучни причини за дополнителното поместување на стрелките.


Минатата година, Рејчел Бронсон, претседателка и извршна директорка на Билтенот, изјави:

„Секоја година поставуваме две прашања. Дали човештвото е побезбедно или изложено на поголем ризик оваа година во споредба со претходната? И дали сме побезбедни во споредба со изминатите 75+ години?“


Часовникот на Судниот ден, создаден во 1947 година од Џ. Роберт Опенхајмер, Алберт Ајнштајн и Јуџин Рабиновиц, е симболичен инструмент кој ја илустрира близината на човештвото до глобална катастрофа како резултат на научен и технолошки напредок што излегува од контрола.

Времето на часовникот не претставува реално време, туку метафорично ја покажува блискоста на светот до хипотетичка катастрофа, која е симболизирана со полноќ. Оваа проценка се ажурира секоја година во јануари.


Во 2020 година, часовникот беше поставен на 100 секунди до полноќ и остана таму три години, додека годинава се помести за една секунда поблиску до полноќ.

Часовникот првпат бил поставен на седум минути до полноќ во 1947 година. Во некои години, стрелките останале непроменети, што укажува на стабилна глобална ситуација, а во 1991 година часовникот дури се врати назад, по завршувањето на Студената војна и потпишувањето на Договорот за намалување на стратешкото оружје меѓу САД и Советскиот Сојуз.