Трагедијата која засекогаш го променила Ратко Младиќ: Кога неговата ќерка си го одзела животот, тој инсистирал сам да ја нашминка за погребот

Точка

29/01/2025

15:01

4.132

Големина на фонт

а а а

Ратко Младиќ ја доживеал најголемата трагедија која може да ја доживее еден родител – смртта на детето. Неговата ќерка, Ана Младиќ, се самоубила со пиштол кој припаѓал на нејзиниот татко.

Како се случил трагичниот настан?

Ана, една од најдобрите студенти по медицина, била миленичка на нејзиниот татко Ратко Младиќ. А потоа, на 24 март 1994 година, таа го зела пиштолот на нејзиниот татко и се самоубила во семејната куќа. Во собата до неа, целосно несвесни за трагедијата која следела, седеле нејзината мајка и брат.


Ана тогаш имала само 24 години.

Во јавноста долго време се шпекулирало за мотивите поради кои Ана си го одзела животот. Се пишувало и дека главната причина за нејзиното самоубиство е нејзиното момче Драган, кој загинал на бојното поле во Босна и Херцеговина. Случајно, самиот Ратко Младиќ го регрутирал Драган и го испратил на бојното поле каде што момчето подоцна и го загубило животот. Наводно, овие настани ја „принудиле“ Ана да крене рака врз себе. Сепак, истрагата за смртта никогаш не била завршена, бидејќи самиот Младиќ тоа никогаш не го дозволил.


Тајност на целиот случај додава и сведочењето на воен лекар кој рекол дека пиштолот бил пронајден во левата рака на Ана, иако девојката била деснак. Ратко Младиќ никогаш не се помирил со смртта на својата ќерка и често велел дека таа не се самоубила, туку дека е убиена. Ана пред погребот била облечена од техничари, но Младиќ на свое инсистирање последен пат ја нашминкал својата ќерка.


Во продолжение, едно од ретките видеа од погребот на Ана Младиќ.