![](https://epp.tocka.com.mk/live_images/174aa89298ec0c2291f9f1691fddb3f2.jpg)
„Советот на Општина Аеродром одлучи да не го зголеми износот на еднократната парична помош за новороденче на својата последна седница која се одржа неделава“, велат од СДСМ.
„Додека некои општини донесоа одлуки за зголемување на помошта за новороденче и до 100 проценти, помошта за новороденче во Аеродром останува во непроменет износ од 8.000 денари цели 7 години.
– Коневски ја воведе, Марин ја зголеми, само Муцунски и Митески излажаа дека ќе ја зголемат помошта за новороденче од 8 на 20 илјади денари, изјави на последната седница на Советот на Општина Аеродром координаторот на советничката група на СДСМ, Милутин Ристески.
Ристески: Помошта за новороденче во Аеродром останува 8.000 денариКоневски ја воведе, Марин ја зголеми, само Муцунски и Митески излажаа дека ќе ја зголемат помошта за новороденче од 8 на 20 илјади денари, изјави на последната седница на Советот на Општина Аеродром координаторот на советничката група на СДСМ, Милутин Ристески.
Еднократна парична помош за новороденче во Општина Аеродром се доделува повеќе од 12 години на семејствата кои имаат новороденче, како симболична помош во моментите на нивната најголема среќа.
Ја воведува Ивица Коневски во својот прв мандат во износ од 5.000 денари и ја доделува до крајот на вториот мандат во непроменет износ.
Во 2017 Златко Марин ветува зголемување на еднократната парична помош на 8.000 денари, веќе следната година го оствари ова свое ветување и оваа помош во непроменет износ се доделува до денес.
Во 2021 Тимчо Муцунски заедно со Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ излажаа дека ќе ја зголемат од 8.000 на 20.000 денари. Оваа одлука е само потврда дека до крајот на 2025 година еднократната парична помош останува со непроменет износ од 8.000 денари.
Над 18.000 гласачи, наши сограѓани од Аеродром, во 2021 година гласаа за ВМРО-ДПМНЕ меѓу другото затоа што веруваа дека Муцунски и Митески ќе ја зголемат оваа помош. Над 2.500 новороденчиња се родени оттогаш во Аеродром, а нивните семејства трајно ја пропуштија шансата да добијат 20.000 денари од општината, како што им беше ветено од Митески и Муцунски.
Posted by СДСМ Аеродром on Wednesday, January 29, 2025
Еднократна парична помош за новороденче во Општина Аеродром се доделува повеќе од 12 години на семејствата кои имаат новороденче, како симболична помош во моментите на нивната најголема среќа.
Последното и единствено зголемување на помошта за новороденче во Аеродром се случи во 2018 година, кога СДСМ ја зголеми оваа помош од 5.000 на 8.000 денари.
Во 2021 година Тимчо Муцунски заедно со Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ излажаа дека ќе ја зголемат од 8.000 на 20.000 денари. Последната одлука на Советот на Општина Аеродром е само потврда дека до крајот на 2025 година еднократната парична помош останува со непроменет износ од 8.000 денари.
Над 18.000 гласачи, наши сограѓани од Аеродром, во 2021 година гласаа за ВМРО-ДПМНЕ меѓу другото затоа што веруваа дека Муцунски и Митески ќе ја зголемат оваа помош.
Над 2.500 новороденчиња се родени оттогаш во Аеродром, а нивните семејства трајно ја пропуштија шансата да добијат 20.000 денари од општината, како што им беше ветено од Митески и Муцунски“, соопшти СДСМ.