Кендал Џенер беше една од манекенките на ревијата на брендот „Скиапарели“ на модната недела во Париз, а фустанот во кој се појави го „украде“ шоуто на настанот.
Имено, „Скиапарели“ ја отвори Неделата на висока мода во Париз со Кендал Џенер, која се појави во невообичаен фустан кој спојува корсет во боја на кожа со нагласени колкови и извезени детали на долниот дел кој се влечеше зад неа.
Самата Кендал објави фотографии во оваа креација, која ја опиша како „фустан од соништата“.
Креативниот директор Даниел Роузбери, кој е на чело на „Скиапарели“ од 2019 година, ја претстави женствената колекција украсена со карнери, тантела и извезена свила.
Италијанската модна куќа, основана во 1927 година од Елза Скиапарели, е позната по своите надреални и авангардни дизајни.
Изгледа дека Роузбери бил инспириран од дизајните на „Скиапарели“ од 1950-тите, а токму оваа деценија честопати се смета за врв на високата мода – од фустани до екстравагантни силуети кои го истакнуваа струкот.
Нивните креации ги носеа бројни познати дами како Синтија Ериво, Никол Кидман и Кајли Џенер.