[ФОТО] Македонска приказна за 35 годишен успех: Храброста на еден човек и визијата на едно семејство

Точка

15/01/2025

14:30

2.484

Големина на фонт

а а а

На 15 јануари 1990 година беше основана Пеком Инженеринг - започна една приказна полна со визија, посветеност и истрајност. Основањето на оваа компанија беше повеќе од бизнис-потфат – тоа беше сонот на еден човек кој сакаше да создаде нешто што ќе трае. Во време кога многумина се колебаа, Петре Јордев ја искористи својата храброст и претприемачки дух за да создаде нешто големо.

Почеток исполнет со храброст / Развој низ годините

Во време на предизвици и неизвесност, Петре Јордев ја основа компанијата како мала софтверска фирма. Без страв од ризиците, но со јасна цел, тој тргна по патот на иновациите.

Како што компанијата растеше, нејзината дејност се прошири. Од софтверска фирма, се насочи кон трговија со бела техника, а потоа го направи првиот голем индустриски потег со купување на фабрика за производство на дрвени прозорци МЕБЕЛ, Штип.

Таткото, визионерски лидер, ги вклучи своите деца Тања Јордева Тимовска (која денес е генерален менаџер на компанијата) и Горан Јордев (извршен директор) уште од почетокот, дозволувајќи им да го видат процесот одблизу, да учат и да придонесуваат. Овој семеен тим вклучувајќи го и Кире Тимовски (директор на производство) ја постави основата на компанијата која ќе прерасне во вистинска деловна империја.

Fagus – Македонска гордост

Но, Петре не застана тука – неговата одлучност го водеше кон нови предизвици, што резултираше со купување фабрика за столици (тогашниот ЦРН БОР) денешен ДИК ФАГУС, Пехчево и создавање на светски познатиот бренд Fagus.

Овие висококвалитетни столици, изработени со врвна прецизност и модерен дизајн, денес се препознаени низ целиот свет. Брендот Fagus е симбол на македонскиот успех во глобалната економија и гордост за компанијата .

Семејниот тим, кои веќе беа дел од управувањето со компанијата, одиграа клучна улога во глобалниот успех на Fagus, носејќи го македонскиот квалитет на светската сцена.


Наследството на Петре Јордев

Она што ја прави оваа приказна посебна е тоа што децата на Петре не само што го следеа неговиот пример, туку и успешно го продолжија неговиот пат. Неговиот напор, визија и деловни принципи беа темелите врз кои тие го мултиплицираа успехот на компанијата. Со иновативни стратегии и амбициозни проекти, тие успеаја да ја зголемат вредноста и обемот на бизнисот, одржувајќи ги семејните вредности како основа на секој успех.

Круна на успехот – Трговски центар

Најголемата потврда за нивниот труд е изградбата на модерен трговски центар Stip City Mall – симбол на истрајноста, визијата и семејниот успех. Овој проект не само што е круна на 35-годишната историја, туку и почеток на нова ера за компанијата.


Благодарност и инспирација

Оваа успешна приказна не би била возможна без храброста на Петре Јордев и љубовта и посветеноста на неговото семејство. Заедно, тие создадоа деловна империја која не само што го слави успехот, туку и инспирира многумина.

Новиот проект: „Stip Water Front“

По три и пол децении успех, компанијата гордо го најавува својот најнов и најамбициозен проект – „Stip Water Front“. Во тек е подготовката на новиот детален урбанистички план, како и архитектонското и урбанистичко решение за целосниот изглед на оваа нова урбана населба.


„Stip Water Front“ ќе биде модерно планирана населба која ќе внесе нова динамика и естетика во најубавиот град на истокот – Штип. Со фокус на современ дизајн, функционалност и хармонија со околината, проектот има за цел да создаде простор кој ќе даде траен белег на целокупниот урбанистички изглед на градот.

Честитки за 35 години успех! Нека продолжи да инспирира и да постигнува нови височини.


Комерцијален текст