Психотерапевтка открива: Ова е фразата која секоја вечер им ја кажувам на децата пред спиење

Точка

13/01/2025

15:40

1.441

Големина на фонт

а а а

Изразувањето љубов кон децата може да има силно влијание врз нивната емоционална сигурност и чувство на припадност. Секојдневните ритуали, како што е кажувањето смирувачки зборови пред спиење, помагаат во изградбата на блиска врска помеѓу родителите и децата.

Психотерапевтката и мајка на три деца, Џесика Вандервиер, сподели фраза која им ја кажува на своите деца секоја вечер пред да заспијат. Според неа, овие едноставни зборови имаат длабоко значење и им помагаат на децата да се чувствуваат сакано и безбедно.


„Секоја вечер пред спиење им го кажувам истото на моите деца: „Толку многу те сакам! Знаеш ли кога ќе престанам да те сакам? Никогаш. Кога си стар/а, кога си млад/а; кога си глупав/а, мрзоволен/а, среќен /а или тажен/а. На овој свет не постои апсолутно ништо што би можело да ја изгасне мојата љубов кон тебе. Те сакам повеќе од целиот свет“. Иако ова го слушнале од мене стотици пати, сè уште кај нив гледам мала насмевка на лицата секоја вечер додека ги подготвувам за спиење“, откри Вандервиер во неодамнешната објава на Инстаграм.

Додава дека тоа е прекрасно и едноставно потсетување на родителската љубов.


„Замислувам колку е убаво да заспиеш со толкаво количество љубов – знаејќи дека си сакан безусловно и дека си безбеден. Тоа се мали моменти кои нашите деца ќе ги паметат“, вели терапевтката.

Таа тврди дека овој едноставен чин на покажување љубов може да им даде на децата чувство на сигурност и припадност. Овие мали ритуали не само што ја зајакнуваат врската помеѓу родителите и децата, туку помагаат и да се создадат спомени кои ќе траат цел живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk