50 Сент потврди: Заедно со Еминем ќе снимаат заеднички албум

Точка

28/12/2024

20:34

1.523

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека конечно ќе се оствари соработката која многумина обожаватели долго време ја исчекуваа. Имено, 50 Сент потврди дека ќе сними заеднички албум со Еминем.

„Изгледа дека ќе се вратам во студио“

Откако Еминем неодамна откри дека единствената пречка за овој проект е усогласувањето на нивното „сопствено време и организацијата“, 50 Сент се огласи на Инстаграм при што најави дека ќе излезе од раперска пензија со цел да сними албум. Тој вчера ја сподели веста која многумина ја исчекуваа. „Изгледа дека сепак ќе се вратам во студио!“ напиша тој. „Само прво треба да ги одработам концертите во Вегас“.


Пред рап ветераните да влезат во студиото, 50 Сент ќе влезе во историјата со својата прва низа концерти во Лас Вегас насловена „50 Cent: In Da Club“. Настанот започнува вечерва, а завршува на 4 јануари.

„Веднаш добив порака од Еминем“

Уште минатата година, 50 Сент откри дека работи на нова музика и рече дека Еминем веќе тогаш го контактирал. Тој наводно му рекол дека Др. Дре, кој исто така треба да биде дел од проектот, подготвува нешто посебно. „Штом го кажав тоа, добив порака од Еминем дека тој веќе разговарал со Дре и дека Дре прави нешто, и има некои луди работи кои треба да ги слушнам“, се потсети тогаш 50 Сент во разговорот со Биг Бој.


Тој исто така објасни како учеството на Дре го издигнува проектот на повисоко ниво: „Ќе направам нешто и ќе ја барам најдобрата музика до која можам да стасам. И кога ќе најдам нешто што навистина ми се допаѓа, ќе му го однесам тоа на Дре за да го притиснам да ми понуди нешто, бидејќи тој секогаш има нешто… Отсекогаш имал нешто“, изјави 50 Сент.

Обожавателите воодушевени


Објавата на Фифти набрзо собра над 150.000 лајкови, а обожавателите беа воодушевени од коментарите. „Трпеливо чекавме“, „Ова би можело да го спаси хип-хопот“, „Сè што 50 и Еминем ќе допрат го претвораат во злато“, беа само дел од коментарите.