Ридли Скот: „Ова е веројатно најдобриот актер со кој имам соработувано“

Точка

28/12/2024

16:01

2.334

Големина на фонт

а а а

Ридли Скот во својата кариера има соработувано со бројни ѕвезди, а една од нив ја смета за веројатно најдобрата со која соработувал досега. Имено Скот го издвои ирскиот актер Мајкл Фасбендер со кој соработуваше во филмот „Alien“.

Како што пренесува „Far Out Magazine“, Скот и Фасбендер соработувале неколку пати на познатата научно-фантастична франшиза, поради што наградуваниот режисер донел заклучок дека славниот актер е веројатно најдобриот со кој работел.


„Мајкл може да направи сè. Тој сè уште може да се обиде во многу нешта и да истражува многу насоки, иако веќе сега е многу добар продуцент. Фактот дека тој е продуцент ми помага мене како режисер и продуцент бидејќи тоа има практична страна. Поради тоа можете да очекувате одредени работи и да поставувате барања кои не се практични, но Мајкл е сеопфатен уметник и професионалец. Тој е веројатно најдобриот со кој сум работел“, раскажа Скот за неговата соработка со актерот, пренесува „Far Out“.



Скот и Фасбендер последен пат соработуваа на филмот „Alien: Covenant“ од 2017 година. Во овој филм, членовите на колонијалниот брод „Covenant“ (Кетрин Вотерстон, Били Крудап) патуваат кон далечната планета од другата страна на галаксијата и го откриваат она за што веруваат дека е неистражен рај.

Таму го запознаваат Дејвид (Мајкл Фасбендер), синтетички преживеан од несреќната експедиција „Prometheus“. Мистериозниот свет наскоро станува мрачен и опасен кога непријателскиот облик на вонземјански живот ќе ги принуди на смртоносна борба за опстанок.