Не ѝ беше важно што актерот е 25 години постар, оженет и алкохоличар: После една реченица, за неа постоеше само тој

Точка

24/12/2024

22:36

14.720

Големина на фонт

а а а

Таа изјави дека „нема никаква сексипилност, преценет е и пренадуван“, а тој возврати дека е „кукла без талент“. Но, нивниот однос доживеа пресврт и се претвори во една од најголемите љубовни приказни што Холивуд ги памети.

Во 1942 година, филмот Казабланка беше голем хит. Милиони Американци се собираа во кино за да ја следат романтичната приказна, но една од гледачките, тогаш 17-годишната Бети Џоан Парски, не можеше да разбере зошто сите го обожаваат Хемфри Богарт. Таа го сметаше за „нехаризматичен“ и „преценет“.

Само две години подоцна, судбината ги спои. Бети, која до тогаш веќе се здоби со успех како модел и го усвои уметничкото име Лорен Бекол, доби улога во филмската адаптација на романот на Хемингвеј Да имаш и да немаш. Нејзин партнер во филмот беше токму „преценетиот“ Хемфри Богарт.


На снимањето, Богарт оставил лош впечаток – пристигнувал мамурен, исцрпен од неговиот проблематичен брак и оптоварен со алкохолизам. Од друга страна, младата Лорен отворено изразувала непријателски став кон него.

Сепак, за време на снимањето, нешто се променило. Богарт бил освоен од шармот на младата актерка, а Лорен почнала да го гледа со други очи. Нивната хемија на екранот кулминираше во легендарната сцена кога Лорен му вели: „Знаеш ли како да свиркаш? Само спој ги усните и дувај.“


По таа сцена, Богарт ја бакнал Лорен и отворено и признал дека е заљубен во неа. Возраста, неговиот брак, и сите негови проблеми повеќе не беа пречка.

Почеток на љубовната приказна

Иако околината се обидувала да ја предупреди Лорен, таа не се поколебала. За неа, Богарт бил љубовта на нејзиниот живот. Во 1945 година, по разводот со неговата сопруга, Богарт и Лорен се венчале.

Нивниот брак траеше 12 години, сè до смртта на Богарт во 1957 година. Имале две деца и заедно глумеа во повеќе филмови, како Големиот сон и Темниот премин.


Дури и по неговата смрт, Лорен продолжила да го носи Богарт во своето срце. Непосредно пред нејзината смрт во 2014 година, таа изјавила:

„Никогаш не е напишана романса каква што имавме јас и Хемфри.“