Уролозите откриваат: Ова се причините зошто во зима почесто одиме во тоалет

Точка

26/12/2024

17:04

903

Големина на фонт

а а а

Во зима многу луѓе забележуваат дека мора често да одат во тоалет, а студот може да биде главниот предизвикувач на овој проблем.

Иако ова е вообичаено искуство, експертите велат дека постојат конкретни причини зошто луѓето повеќе уринираат во текот на зимата.

Овој феномен е поврзан со неколку физиолошки реакции во телото кои не се секогаш очигледни. Урологот откри кога оваа зачестеност станува причина за загриженост и како да се справите со неа, пишува „Хафингтон пост“.

Зошто уринирањето е почесто во зима?


„Постојат истражувања кои покажуваат дека студеното време може да ги влоши симптомите на уринарниот тракт кај некои луѓе, но причините сè уште не се целосно разбрани. Постојат неколку можни објаснувања, во зависност од личноста“, вели д-р Раевти Боле, уролог во клиниката Кливленд.

Ладното време може да предизвика грчеви во мускулите

„Ако сте надвор на ладно, мускулите на карличното дно под мочниот меур може да се затегнат“, објаснила д-р Рена Малик и додала дека „кога ќе се затегнат, тоа може да предизвика почести грчеви на мочниот меур, а со тоа и потреба за уринирање“.

Студот предизвикува стрес во телото

„Стресот може да предизвика потреба за често уринирање. Екстремно студеното време може да биде како шок за телото и може да го стимулира мочниот меур“, вели д-р Сет Коен, доцент одделението по урологија на 'НИУ лангон хелт'“.

Ова е слично како кога сте под стрес во други ситуации, како што е јавен настап.


„Пред да станете да го одржите својот говор, можеби ќе почувствувате потреба да одите во тоалет уште еднаш“. Тој стрес го иритира мочниот меур (бешиката) и предизвикува потреба за уринирање“, вели д-р Коен.

Д-р Боле објаснува дека постои и феномен познат како „ладна диуреза“ каде ниската телесна температура предизвикува зголемување на количината на урина која ја произведуваат бубрезите.

Кога телото е ладно, тоа може да предизвика забрзано чукање на срцето и стегање на крвните садови за да се зачува топлината, вели урологот д-р Амин Херати.

„Ова ќе предизвика повеќе крв да пумпа низ срцето и бубрезите, што може да резултира со поголемо производство на урина“, додал д-р Херат.

Во зима луѓето помалку се потат

„Во зима луѓето помалку се потат, што може да доведе до задржување на водата и зголемено уринирање“, рекол д-р Херат.

Бидејќи не губите течност преку потењето, таа може да се излачи преку уринирањето.


„Кога е ладно, течноста едноставно поминува низ телото. Значи, има повеќе капацитет во мочниот меур од вообичаено со иста количина на внесена течност. Кога имате поголем капацитет, мора почесто да одите во тоалет“, рекла д-р Малик.

Пиете повеќе ферментирани и алкохолни пијалаци

„Кога е ладно, луѓето имаат тенденција да пијат топли пијалаци како кафе, чај и топло чоколадо кои содржат кофеин или супстанции слични на кофеин кои делуваат како диуретици“, рекла д-р Карин С. Ејлбер, професор по урологија и професор по акушерство и гинекологија на Здравствениот систем „Цедарс – Синаи“.

Алкохолот исто така почесто се консумира во текот на зимските празници и предизвикува губење на течности.

„Диуретикот предизвикува бубрезите да потиснуваат дополнителна урина во мочниот меур, полнејќи го побрзо отколку со вообичаени чаши вода или други пијалаци. Исто така, и кофеинот и алкохолот го иритираат мочниот меур. Тоа значи дека тие ја прават слузницата на мочниот меур почувствителна, што може да предизвика повеќе контракции на бешиката и честа потреба за уринирање“, објаснува д-р Малик.


Може ли да се спречи честото уринирање во зима?

Препорачливо е да водите дневник за тоа што пиете и колку често уринирате, советува д-р Малик. Можеби ќе можете да идентификувате нешто што ги влошува вашите симптоми.

Ако забележите дека вашите симптоми се поврзани со студеното време, загревањето на вашето тело може да помогне да се намалат симптомите. На пример, топла купка или носење ракавици додека сте надвор може да помогне.

Може да избегнувате и пијалаци и храна кои го иритираат мочниот меур, како алкохол, кофеин и вештачки засладувачи.

Други помалку познати надразнувачи на мочниот меур кои можат да ги влошат симптомите вклучуваат газирани сокови и кисела храна или пијалаци (како што се сокови од цитрус или производи од домати).

„Погледнете ја вашата урина кога уринирате. Треба да има светла боја, како лимонада. Ако е потемна, како сок од портокал или повеќе концентрирана, пијте повеќе течности. Ако е сосема бистра, веројатно пиете премногу течности“, објаснува д-р Малик.