Официјално најнездравата намирница во светот – а особено популарна

Точка

23/12/2024

19:41

3.898

Големина на фонт

а а а

Сите понекогаш посакуваме парче торта, крофна, чипс, геврек, пуканки и други закуски, и тоа не е проблем.

Меѓутоа, проблемот се создава кога таа желба ќе зачести, особено што една од нив е официјално прогласена за најнездрава намирница во светот.

Здравата исхрана не само што е тренд за кој сè почесто слушаме во последните години, туку е и патот до долг и квалитетен живот.


Поради тоа и домашните и меѓународните експерти редовно даваат совети што треба да јадеме и пиеме. Меѓу тие совети, се издвојува листата на 100 официјално најнездрави намирници на планетата, објавена од порталот „EatThis“.

На прво место на оваа листа е чипсот.

Се покажа дека чипсот е најлошото нешто кое можете да го внесете, пред сè затоа што содржи многу сол, вештачки бои и многу малку влакна.

Накратко – во чипсот нема речиси ништо здраво, а нездрави има многу нешта.


Чипсот е ултра-преработена храна која предизвикува оштетување на организмот, особено на срцето и крвните садови, бидејќи го подига нивото на холестерол, а притоа не заситува. Се покажа дека некои брендови на чипс дури ставаат и адитиви во своите чипсови за кои експертите велат дека можат да бидат канцерогени.

За жал чипсот кај нас е многу популарен, а особено кај помладата популација. Така што, се чини дека не сме свесни колку е нездрава оваа популарна закуска и што може да направи на нашите тела.


Дополнително, се покажа дека негативните последици не се видливи по една година, туку истражувањата покажуваат дека нездравата храна има негативен ефект врз крвните садови во рок од само неколку часа по консумирањето.


Затоа, доколку често јадете чипс или слични грицки, размислете за подобри алтернативи, а кога ќе почувствувате потреба за грицкање, подобро е да земете ореви, бадеми, лешници, семки од тиква или овошје како банани или портокали.