Почина Хана Кацир, преживеаната израелска заложничка која беше ослободена по 49 дена заробеништво во Газа.
Како што наведоа во соопштението претставници на Кибуц Нир Оз, 78-годишната Кацир се борела со „сложена медицинска состојба“ „неколку месеци“ откако била ослободена од заробеништво, објави „Еј-би-си њуз“. „Една жена беше киднапирана од нејзиниот дом за време на ненадеен напад врз Израел од страна на милитантната група Хамас на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Газа. Нејзиниот сопруг Рами е убиен во нивната безбедна соба во Кибуц Нир Оз“, според седиштето на Форумот за семејства на заложници и исчезнати лица.
Синот на Хана и Рами, Елад, бил киднапиран, а подоцна убиен во заробеништво, навел Форум. Неговото тело оттогаш е вратено во Израел.
Hanna Katzir (77) and her son Elad (47) are my friend’s mom and older brother. They were kidnapped from their home on October 7th. 💔#ReleaseTheHostages #BringThemBackHome
— Shiri Sharvit, PhD (@ShiriSharvit) November 7, 2023
I’m appalled by people tearing down posters with the hostages’ names and pictures. https://t.co/LurvuuOwss
„Нејзиното срце не можеше да го поднесе страдањето“
Хана Кацир поминала 49 дена во заробеништво во Газа пред да биде ослободена.
Мојата мајка беше жена, сопруга и посветена мајка полна со љубов. Нејзиното срце не можеше да го издржи страшното страдање од 7 октомври“, рекла во соопштението нејзината ќерка Кармит Палти Кацир.
Погребот на Хана Кацир бил закажан за вторник во Кибуц Нир Оз.
Околу 100 израелски заложници сè уште се во Газа
Палестинската милитантна група Хамас, која управувала со Газа, изврши прекуграничен напад врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, кога, според израелските податоци, беа убиени околу 1.200 луѓе, а 251 лице беа киднапирани. Оттогаш, повеќе од 100 заложници се ослободени преку преговори или израелски воени спасувачки операции. Од 96-те заложници кои сè уште се држат во Газа, Израел претпоставува дека 62 се сè уште живи.
„Секој ден во заробеништво ги загрозува животите на нашите најблиски. Мора да се спроведе сеопфатен договор за враќање на нашите 100 браќа и сестри“, рекла Кармит.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека е постигнат напредок во заложничките преговори со Хамас во Газа, но дека не знае колку време ќе биде потребно за да се видат резултати.
Преговорите се при крај
„Преговорите за прекин на огнот во Газа и договорот за ослободување на заложниците меѓу Израел и Хамас се 90 отсто завршени, но клучните прашања остануваат да се надминат“, изјави во неделата за Би-Би-Си висок палестински функционер вклучен во разговорите.
Официјалниот претставник, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека една од главните точки за кои сè уште се преговара е континуираното воено присуство на Израел во коридорот Филаделфија, стратешки важен појас на земјата во јужниот дел на Газа долж границата со Египет.
Палестински функционер, зборувајќи за деталите од преговорите кои се водат во Доха, и кои вклучуваат потенцијално создавање на тампон-зона широка неколку километри долж границата на Израел со Газа, рекол дека Израел ќе одржи воено присуство во областа.
3 фази од примирјето меѓу Израел и Хамас
„Бидејќи се решени овие прашања, во три фази може да се договори прекин на огнот во рок од неколку дена“, додал тој.
Тој навел дека договорот ќе вклучува размена на 20 палестински затвореници за секоја жена војник ослободена во првата од трите фази на прекинот на огнот.
Имињата на затворениците што ќе ги ослободи Израел допрва треба да бидат договорени, но ќе бидат избрани од околу 400 имиња на Палестинци кои отслужуваат казни од 25 или повеќе години.
Ослободување на заложниците
Според договорот, израелските заложници ќе бидат ослободени во фази, бидејќи се верува дека Хамас сè уште треба да лоцира некои од исчезнатите заложници.
Цивилите од Газа би можеле да се вратат на север од енклавата, под надзор на Египет и Катар, а би било дозволен на околу 500 камиони со помош дневно да влегуваат во енклавата“, рекол официјалниот претставник.
По неговите зборови, во последната, трета фаза од планот за завршување на 14-месечната војна, Газа би била надгледувана од комитет на технократи од енклавата, кои нема да имаат претходни политички определби, но би требало да имаат поддршка од сите палестински фракции.