[ВИДЕО] Патникот кој ја снимаше внатрешноста на авионот во Казахстан го преживеа падот: Објави снимка и по несреќата

Макфакс

26/12/2024

08:28

5.133

Големина на фонт

а а а

Патникот кој го објави видеото од азербејџанскиот авион кој се урна во казахстанскиот град Актау, објави нова снимка на која се гледа како ја преживеал несреќата.

Според медиумите во Азербејџан, во авионската несреќа преживеале вкупно 29 лица, од кои 14 се државјани на Азербејџан.

„Триажата се врши на ниво на итната медицинска помош. Од 27 лица, 11 се тешко хоспитализирани на интензивна нега“, соопштија од службите.


Патник кој ја преживеал несреќата објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како спасувачите се приближуваат до авионот и вршат тријажа на лице место.

По падот на авионот, во Казахстан е покрената кривична постапка по членот за прекршување на безбедносните правила на управувањето со авионите.

Исто така, слични истраги беа отворени во Русија и Азербејџан. Претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев нареди да се формира комисија која ќе го испита падот на патничкиот авион.

Од друга страна, лидерот на Азербејџан Илхам Алиев изјави дека се уште не се познати причините за несреќата и дека постојат неколку различни верзии.