[ВИДЕО] Драматична снимка: Се извлекуваат преживеаните од урнатиот авион во Казахстан

Макфакс

25/12/2024

11:15

2.968

Големина на фонт

а а а

Патнички авион се урна денеска во близина на аеродромот Акатуа во Казахстан, при што според досегашните информации животот го загубија околу 40 лица. Најмалку 25 ја преживеале несреќата.

Меѓу патниците имало и деца, а информации за жртвите ќе бидат соопштени наскоро.

Во болницата досега се превезени најмалку 22 патници, од кои некои се во тешка состојба.

На социјалните мрежи се појави видео од преживеаните патници. На него се гледа како тие излегуваат од урнатините, извлекувајќи други од него.

Снимката е вознемирувачка.

По падот на патничкиот авион во Казахстан, кој патувал од Баку за Грозни, се појавија информации за причината за несреќата. Имено, како што пренесуваат азербејџанските медиуми, авионот удрил во јато птици. Подоцна се појавија информации дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но се урнал на само три километри од аеродромот Акатау.

Генералниот конзул на Азербејџан во Актау, Ајкан Сулејманли изјави дека засега „не можат ништо да кажат“.

„Нашите вработени се таму, а јас сум на пат. Не можеме да кажеме ништо со сигурност. Не знаеме ништо во моментов“, рече тој.

Во авионот што се урна имало државјани на пет земји – преживеале 28 патници, меѓу нив и деца

Државјани на пет земји имало во авионот кој утрово се урна во Казахстан.

Во соопштението на Министерството за транспорт на Казахстан се наведува дека во авионот се превезувале 62 патници – државјани на пет земји – 37 Азербејџанци, шест Казахстанци, тројца Киргистанци и 16 Руси.

Според последните официјални информации, несреќата ја преживеале 28 лица, меѓу кои и три деца кои се наоѓаат во болница.


Авионот од Азербејџан се урна во близина на аеродром во Казахстан. Тој летал од Азербејџан до Грозни, но наишол на проблеми со магла над Каспиското Море.

Авионот побарал итно слетување, поради што пилотите се упатиле кон аеродромот во Казахстан.

Објавени се и снимки на кои се гледа како спасувачите извлекуваат луѓе со крвави лица од авионот.