Поради наноси од снег непрооден е патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“

Макфакс

26/12/2024

11:41

400

Големина на фонт

а а а

Патниот правец од Крива Паланка кон ГП ,,Голема Црцорија – Голеш,, во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, патот не е прооден од снежни наноси и навеви од снег, информира АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.