„Живеев во пекол“: Поранешната сопруга на кошаркарот се огласи по неговото самоубиство и го шокираше светот

Точка

17/12/2024

11:22

9.081

Големина на фонт

а а а

Пејачката е во страв по смртта на нејзиниот поранешен партнер.

Руската пејачка Ана Седокова реагираше на смртта на нејзиниот поранешен сопруг Јанис Тима, од кој неодамна се разведе.

Целата во солзи, со болен израз на лицето, Ана Седокова го објави видеото на својот Инстаграм и Телеграм канал.


„Цел живот не разбирав како луѓето на кои тоа им се случува во животот можат да објавуваат на интернет. Но, сега навистина ве молам. Ве молам. Имам дете, мало е, не треба да знае ништо за ова. Не замислувајте како живеев во пекол во последните години, само треба да го спасам моето дете од оваа информација“, изјавила пејачката.

Утрово се дозна за смртта на поранешниот сопруг на Ана Седокова, Јанис Тима. Кошаркарот е пронајден мртов во хостел во Москва. Според прелиминарните информации, причина за смртта на летонскиот кошаркар е задушување.


Седокова и Тима почнаа да се забавуваат во летото 2019 година. За нивната венчавка се дозна во јули 2020 година. Во септември истата година, пејачката и кошаркарот се венчаа. На пејачката ова и беше трет брак, а на кошаркарот втор. Во декември 2024 година, се дозна за нивниот развод. Тие немаа деца заедно.

Ана Седокова има три деца со три различни партнери, две постари ќерки и еден син, кои ги родила во 2017 година. Тима има ќерка од првиот брак. Според руските медиуми, Јанис Тима страдал од депресија. Се самоубил на денот кога неговата поранешна сопруга го прославила роденденот, 16 декември, а на телефон и оставил порака на Ана.