Пол Погба реагира на пресудата за неговиот брат кој го ограби: „Конечно можам да свртам нов лист“

Точка

21/12/2024

13:04

2.570

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот свет пред неколку дена остана во шок кога се појави веста дека самиот брат на Пол Погба, Матијас, е осуден од кривичниот суд во Париз на три години затвор и тоа за крадење од сопствениот брат Пол.

Матијас веќе одлежа дел од казната, со оглед на тоа што доби условна казна од две години, а сега свој коментар за се даде и Пол Погба.


„Конечно можам да ја свртам страницата кога е во прашање овој болен период. Нема победници во овој случај кој вклучува членови на моето семејство и луѓе кои ги познавам од детството“, рече Пол Погба, додавајќи:

„Заклучувањето на овој случај е можност да се фокусирам на иднината“, заклучи Погба.


Матијас Погба извесен период професионално играше фудбал, но играше во пониските лиги. Што се однесува до Пол, тој се враќа во професионалниот фудбал на почетокот на следната година, па ќе видиме кој клуб ќе се засили.