Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека во светот останале само двајца лидери со долгогодишна служба и искуство во политиката – тој и неговиот руски колега Владимир Путин.
„Кога зборуваме за лидерите, во светот останаа само двајца, почитуваниот господин Путин и јас. Вашиот скромен слуга има 22 години претседателско искуство, а истото важи и за господин Путин“, рече Ердоган на средбата со младите луѓе, во турската провинција Газиантеп, која граничи со Сирија.
There are only 2 leaders left in the world - me and Vladimir Putin – Erdogan pic.twitter.com/uHshucuR6t
— Gyan Jara Hatke (@GyanJaraHatke) December 8, 2024
Тој посочи дека светот минува низ многу необичен период откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД и оцени дека следните три месеци се многу важни, пренесува Анадолија.
Тој изјави дека Анкара ќе дејствува врз основа на таа претпоставка.
„Ќе видиме како ќе се формира новата администрација со Трамп. Во исто време, светот се развива во едно поинакво место. Поради оваа причина, следните два до три месеци се многу важни за нас. Ги вложуваме сите наши напори , давајќи се од себе и соодветно испраќајќи пораки до светот“, рече Ердоган.