Според психолозите ова се петте фрази кои децата најмногу сакаат да ги слушнат од своите родители

Точка

05/12/2024

16:39

6.079

Големина на фонт

а а а

Родителите често се фокусираат врз тоа како ќе ги воспитуваат своите деца, како ќе им обезбедат безбедна средина и како ќе ги подучат за важните животни лекции. Но, зборовите кои родителите секојдневно ги изговараат можат да имаат уште поголемо влијание отколку што тие си мислат. Зборовите на родителите ја обликуваат сликата на децата за самите нив, нивното чувство за вредност и поврзаност со родителите.

Едноставните фрази, изговорени со љубов и поддршка, можат да им помогнат на децата да се почувствуваат забележани, сакани и прифатени онакви какви што се.


На нивниот профил на Инстаграм, детските психолози Кејтлин Славенс и Челзи Боди споделија неколку клучни фрази кои родителите можат да им ги кажат на своите деца за да го поддржат нивниот емоционалниот развој. Овие фрази се едноставни, но можат да им помогнат на децата да ја изградат самодовербата и да се стекнат со чувство на припадност и сигурност, а ова се фразите кои секое дете сака да ги слушне од своите родители, тврдат психолозите.

„Јас сум толку горд/а на тебе, и ти треба да се гордееш со себе.“

„Ти верувам“.

„Обожувам да го поминувам времето со тебе“.

„Твоите мисли се важни“.

„Сакам што сум твоја мајка (или твој татко).“


Кога родителите ги кажуваат овие зборови, не само што ги градат довербата и поврзаноста, туку и им помагаат на децата да израснат во самоуверени личности кои знаат колку се сакани.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk