Во рамките на својата нова колекција за есен 2025 година, „Баленсијага“ претстави еден модел на чевли кој за кратко време стана тема на дискусија на социјалните мрежи.
Секојдневната мода се менува од година во година, а модните куќи изгледа како да се натпреваруваат во тоа кој ќе го лансира најбизарното парче облека и со тоа ќе стане вирален.
Изгледа дека повеќе не е важно што е елегантно или „модерно“, туку важно е само да биде уникатно, но на начин кој ги преминува сите граници на добриот вкус.
Невообичаените чевли „The Zero“ на Баленсијага кои го покриваат само палецот и петица, а засега „сè уште“ го имаат целиот ѓон, станаа вистински хит на социјалните мрежи. Инаку чевлите сè уште не се пуштени во продажба, па така нивната цена не е позната.
Не е јасно со што може да се комбинира ваков модел на чевли, како и за што се наменети, но се чини дека тоа не е важно.
„Како сè уште постои овој бренд?“, „Тие се оддалечија од изворната отменост која ја имаа на почетокот и тоа е навистина жалосно“, „Ова е врвот на нивната глупост“, „Кога ќе помислам дека не можат да направат нешто полошо, тие ме изненадуваат“ беа само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.
Но имаше и такви кои се пошегуваа, додавајќи дека овие чевли би ги носеле на базен.
Додека од Баленсијага изјавија дека нивната главна цел била да ја постигнат босоногоста.
„Колекцијата „The Zero“ ја претставува суштината на обувките и нејзината единствена цел е да ја постигне босоногоста“, велат од модната куќа.