Луѓето родени во овие хороскопски знаци љубоморат на успесите на пријателите

Точка

03/12/2024

17:13

1.316

Големина на фонт

а а а

Понекогаш се чини дека успехот на другите може да ги „разбуди“ најскриените емоции кај луѓето. Додека некои со леснотија ги слават туѓите победи, други се борат со чувствата на љубомора и завист. Според астрологијата, одредени знаци се повеќе склони кон вакви чувства, дури и кога станува збор за нивните најблиски.

Лав

Лавовите се родени да бидат во центарот на вниманието. Кога нивниот пријател ненадејно ќе ја засени нивната драматична аура, Лавовите се чувствуваат како „симнати“ од тронот.


Нивната љубомора доаѓа од стравот дека повеќе тие не се најпосебните. Секако, Лавот тоа ќе го прикрие со насмевка и честитка, но длабоко во себе си помислува: „Како успеа пред мене? Па јас сум ѕвездата на ова шоу!“

Скорпија

Доколку постои некој кој не знае како да ги контролира интензивните емоции, тогаш тоа е дефинитивно Скорпијата. Кога пријателот ќе успее да го оствари сонот за кој Скорпијата претходно можеби и не знаела, љубомората станува како вжештена лава во срцето на Скорпијата.


Скорпиите сакаат да освојуваат со сопствени напори и ги сакаат натпреварувањата, дури иако тие се одвиваат само во нивната глава. Нивната внатрешна битка? – Да го задржат „покер лицето“ додека размислуваат: „И јас можев да го сторам тоа, само да сакав!“

Близнаци

Близнаците сакаат промени, но нивната непостојана природа често ги остава со полузавршени проекти. Кога пријателот ќе успее да го постигне она што Близнаците само што го започнале, тогаш започнува вртлогот од мисли: „Зошто не го завршив она што го започнав?“.


Нивната љубомора не е злонамерна – повеќе е како фрустрација поради сопствената неодлучност. Близнаците ќе се потрудат да бидат среќни за своите пријатели, но патем можеби ќе започнат три нови проекти за да си докажат себеси и на светот дека и тие можат да го направат тоа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk