Пријателствата се засноваат врз доверба, поддршка и разбирање, но понекогаш одредени пријателства можат да станат извор на стрес и негативност. Додека повеќето луѓе се обидуваат да бидат добри пријатели, има и такви чијшто карактер понекогаш води кон токсични модели на пријателство.
Според астрологијата, одредени хороскопски знаци имаат особини кои ги прават склони кон такви однесувања, па така според астролозите, токсичните пријатели најчесто се раѓаат во следните знаци.
Скорпиите се вистински шампиони во „пријателските игри“. Никогаш не можете да бидете сигурни што навистина размислуваат, бидејќи тие вешто ги кријат своите вистински намери.
Како пријатели, тие знаат да бидат неверојатно лојални, но и по малку застрашувачки.
Кога еднаш ќе ја повредите скорпијата, нема враќање назад. Ќе бидете во нивниот личен „бележник“ на оние кои никогаш нема да ги заборават, а простувањето заборавете го. Скорпиите се како детективи – знаат сè за вас, но никогаш нема да сфатите колку навистина знаат.
Лавовите се родени шоумени. Во друштво на лавот, секогаш имате чувство дека сте дел од некоја претстава, каде вие сте публиката, а лавот е главната ѕвезда. Како пријатели, лавовите знаат да бидат дарежливи, но само додека се во центарот на вниманието.
Доколку ви треба некој да ве поддржи и да ви посвети внимание кога поминувате низ тежок период, лавот можеби ќе биде тука за вас, но бидете подготвени на задолжителното восхитување на неговите достигнувања и постојани коментари околу неговите авантури.
Близнаците се „социјални пеперутки“ кои сакаат забава, но кога станува збор за сериозни пријателства, тие често се неконзистентни. Со нив никогаш не сте сигурни во која насока ќе оди ситуацијата. Во еден момент можат да ве наречат нивен најдобар пријател, а во следниот да исчезнат без трага.
Близнаците сакаат да разговараат, но тоа е повеќе како да разменуваат вести отколку што навистина го слушаат соговорникот.
Доколку ви треба некој за луди ноќни забави и авантури, близнаците се совршениот партнер. Но, доколку сакате личност на која можете да се потпрете во секој момент, внимавајте – со близнаците никогаш не знаете што ќе добиете.