Дали сте психопат? Овој краток тест на карактерот ќе ви ја открие вистината: „Доколку соберете повеќе од 30 поени...“

Точка

13/11/2024

17:58

2.390

Големина на фонт

а а а

Со едноставниот тест, каде што се доделуваат поени за секоја од 20-те тези кои правилно или неправилно го опишуваат вашиот карактер, психолозите велат дека можете многу да дознаете за вашата личност.

Тестот е наречен „Оценувачка листа за психопатија“, според експертите може да даде одговор дали личноста е потенцијален психопат, пишува „Бизнис инсајдер“ за методот на откривање на карактерните црти што ги поседуваат таквите луѓе. Интересно е што некои од нив често се поврзуваат со доблестите што ги гледаме кај лидерите, на пример шефовите или раководителите на големи компании. Најчесто тоа се бестрашност, доминантно однесување, отпорност на стрес …

Во „Бизнис инсајдер“, тие тврдат дека во 2016 година, Универзитетот Бонд направил истражување кое открило дека помеѓу 3 и 21 отсто од шефовите или сопствениците на компании во САД имаат психопатски карактеристики, а пред две години е открино дека најмалку 12 отсто од високите менаџерите во компаниите се – веројатно психопати.


Меѓу карактерните особини на овие луѓе се површноста, промискуитетот и попустливоста, квалитети кои ги красат и психопатите, но сами по себе не се одлика на психопатија.

Тестот е составен од 20 прашања, а за секое од нив се доделуваат поени според следните критериуми:

0 поени ако прашањето не се однесува на вашата личност, 1 поен ако е делумно точно и 2 поени ако тезата ја опишува вашата личност и однесувањето. Кога сè ќе се собере, ако симате повеќе од 30 поени – веројатно сте психопат.

Тестот треба да го спроведе професионален психолог, но можете да се тестирате и само за да видите како „стоите“ на ова поле од забава. Резултатите од овој тест, се разбира, не се официјална дијагноза. Но, освен што се проверувате, можете да тестирате и друга личност од вашата околина. Колку пати сте слушнале: тој/таа е психопат? Па, сега можете да бидете малку побезбедни.

1. Дали би се опишале себеси како премногу слаткоречиви или луѓето ве опишуваат како многу шармантни?

(Одговор: За социопатите одговорот на ова прашање е: ДА)

2. Дали имате зголемено чувство за самопочит, или да поедноставиме – дали се сметате себеси за едноставно гениј?

(Одговор: Психопатите дефинитивно го мислат ова за себе)

3. Дали често ви е досадно или имате прекумерна потреба од стимулација?

(Одговор: Психопатите тешко се справуваат со досада и периоди на депресија)

4. Дали сте патолошки лажго?

(Одговор: Психопатите не се грижат за вистината)

5. Дали сте лукави и манипулативни?

(Одговор: Психопатите често се убедени дека можат да ги влечат конците и да ги контролираат луѓето и настаните околу нив)

6. Дали би рекле дека не се каете и ретко помислувате на тоа?

(Одговор: Психопатите не се чувствуваат лошо кога прават лоши или погрешни работи)

7. Дали би се опишале себеси како ладна личност?

(Одговор: Психопатите не покажуваат емоции дури и во ситуации кога се очекувани или соодветни)

8. Дали би рекле дека не сте претерано сочувствителни?

(Одговор: Психопатите едноставно не се грижат кога лоши работи им се случуваат на другите луѓе)


9. Дали живеете „како паразит“?

(Одговор: Психопатите претпочитаат кога не треба да заработуваат за живот, туку земаат туѓи работи)

10. Дали имате тешкотии да се воздржувате и дали сте импулсивни?

(Одговор: Психопатите се многу тешки за контролирање)

11. Дали имате промискуитетно минато?

(Одговор: Психопатите претпочитаат менување на партнери за една ноќ)

12. Дали како дете имавте проблеми со однесувањето и бесот?

(Одговор: Како деца, психопатите често се сурови кон другите деца и животни)

13. Дали вашите долгорочни цели се недостижни и нереални?

(Одговор: Психопатите не можат да планираат реални животни и деловни цели)

14. Дали сте импулсивни?

(Одговор: Психопатите имаат тешкотии да ги контролираат своите желби и потреби и дејствуваат многу инстинктивно)

15. Дали сте неодговорни?

(Одговор: Психопатите ретко ја прават „правилната работа“ или она што се бара или очекува од нив)

16. Дали преземате одговорност за вашите постапки, особено за лошите?

(Одговор: Кога си психопат, секогаш некој друг е виновен)

17. Дали има многу кратки или случајни љубовни врски во вашето минато?

(Одговор: Психопатите немаат способност да се врзат или да се предадат на други луѓе и да преживеат во долги сериозни врски)

18. Дали сте имале досие за кривични дела или бројни прекршоци кога сте биле млади?

(Одговор: Психопатите стануваат проблематични уште од мали нозе)


19. Дали некогаш сте биле на некаков вид условна казна и сте ги прекршиле законите?

(Одговор: Дури и кога ќе им дадете втора шанса, психопатите често ги повторуваат работите)

20. Да бевте криминалец, дали ќе имавре повеќе и рановидни криминални дела?

(Одговор: Психопатите прекршуваат бројни закони или правила, бидејќи за разлика од обичните луѓе, не им е важно кои ќе ги прекршат. Ако добијат шанса, ќе ги прекршат сите)

Ако завршивте со тестирањето, изборите ги бодовите за да добиете одговор. Доколку имате под 30 поени, без грижа, вие сте нормални. Ако имате повеќе од 30 бодови, време е да размислите за себе и своите постапки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг