Ова се најскапите гробишта на светот: Еден гроб чини милиони евра, а кога ќе ја дознаете причината, ќе ви стане јасно зошто е тоа така

Точка

04/11/2024

22:30

9.875

Големина на фонт

а а а

„Долината на мирот“ во Ирак се најголемите гробишта во светот, кои се простираат на речиси 1.500 хектари, а најскапото гробно место, очекувано е во Светата земја.

Во долината Кидрон, во близина на панорамата на Ерусалим, од каде што се гледа Светиот град како на дланка, се наоѓаат најскапите гробишта на светот. Стари се со векови, а воедно се и најголемите и најстарите еврејски гробишта на планетата. На нив има повеќе од 150.000 могили, а една гробница денес чини неколку милиони евра.

Зошто овие гробишта заслужија да станат најскапи во светот?

Одговорот се крие во религиозното верување дека Последниот суд ќе се случи токму на ова место по второто Христово доаѓање , т.е. парусијата. Тогаш, се верува, праведниците ќе наследат вечно блаженство во Царството Божјо и ќе одат во рајот, додека другите, кои ги прекршиле Божјите закони во овој земен живот, ќе завршат во пеколот. Исто така, се верува дека оние кои се погребани токму на ова место ќе оживеат кога Месијата повторно ќе слезе на земјата и веднаш ќе отидат со него во Царството Божјо.


Евреите го цитираат пророкот Јоил кој рекол дека „Бог ќе го собере народот во долината на Јосафат и ќе им се суди според делата на овој свет“. Долината Јосафат, точно е, не постои како топоним, ниту е спомната на картата на Светата земја, но се знае дека се наоѓа недалеку од Ерусалим. Каде точно – не се знае, но се верува дека токму тоа е местото каде што се наоѓаат најголемите и најстарите еврејски гробишта во светот. Исто така, муслиманите веруваат дека Страшниот суд ќе се случи на истото место, во долината Кидрон, на источните и јужните падини на Елеонската Гора.

Интересно е што од овој дел на Маслиновата Гора се гледаат и Ѕидот на плачот, куполата на карпата и црквата на Светиот гроб – трите најсвети места за Евреите, муслиманите и христијаните во Светата земја.


Многу угледни и богати Евреи кои живеат ширум светот ги обврзуваат своите потомци да ги закопаат на местото каде што, според верувањата, ќе се одржи Страшниот суд. Тука, меѓу другите, почиваат израелскиот премиер Менахем Бегин, израелскиот писател Шмуел Јосеф Агнон, арапскиот научник Леви Билиг, израелскиот архитект Јосеф Шенбербер, бројни рабини, како и Хенриета Шолд, која собирала пари од богатите Евреи во Америка за да изгради болница во Ерусалим, чија мисија е „да допре до сите, без разлика на раса, религија или етничко потекло“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг