[ФОТО] „Шеикот Новак Ѓоковиќ“: Српскиот тенисер ја облече традиционалната саудиска носија и предизвика бројни реакции

Точка

21/10/2024

15:34

4.048

Големина на фонт

а а а

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изминативе денови ги мина во Ријад, Саудиска Арабија, на егзибицискиот турнир „Six Kings Slam“, а по тој повод направи и интересна „фотосесија“ која ги воодушеви Саудијците.

Имено, Ѓоковиќ позираше во нивната традиционална носија на неколку локации, по што на социјалните мрежи се редеа симпатичните коментари како „Шеик Новак“, „Крал на пустината“ и слично.

Ѓоковиќ беше особено активен во кампањата за промовирање на тенисот во Саудиска Арабија, а на овој начин дополнително ја промовираше самата држава, и без сомнеж бил богато награден за своите напори, како што беше случајот со Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои се туристички амбасадори на Саудиска Арабија.


Турнирот „Six Kings Slam“ немаше натпреварувачко значење и не носи бодови на АТП листата, но на Саудијците не им беше тешко да ги привлечат „кралевите“ бидејќи победникот Јаник Синер дома однесе шест милиони долари, што е најголемата парична награда во историјата на тенисот.


Исто така, секој од тенисерите само со доаѓањето на овој турнир заработи по најмалку 1,5 милиони американски долари, а покрај Синер и Алкараз, на турнирот учествуваа и Данил Медведев, Холгер Руне, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг