Италијанската „La Gazzetta dello Sport“ денес објави дека крадци влегле во домот на едниот од најпознатите фудбалски парови, Даглас Луиз и Алиша Леман, фудбалер и фудбалерка на Јувентус. Инаку, Луиз и Леман минатото лето пристигнаа во Јувентус од Астон Вила.
Во моментот на грабежот парот било зафатен со клупски обврски. Луиз со Јувентус играше против Лацио, а неговата партнерка беше во хотелот со женската екипа на Јувентус, која денес игра против Интер.
Според Италијанците, крадците украле 11 часовници вредни околу 500.000 евра, а одзеле и недефинирана вредност на накит што ѝ припаѓал на Леман.
По победата на Јувентус, Луиз отишол на вечера, а кога стасал дома во 1:30 часот по полноќ веднаш повикал полиција.
Ова не е прв пат крадци да ограбат некој од играчите на Јувентус. Мојс Кин, Каио Хорхе и Анхел Ди Марија доживеале слични грабежи додека настапувале за старата дама.