Погба откри кој познат играч му бил најголема поддршка додека минувал низ пеколот: Ми се јавуваше секој втор ден

Дерби

17/10/2024

13:28

585

Големина на фонт

а а а

Пол Погба мина низ спортска голгота изминатата година и мораше да докажува дека е невин во допинг скандалот со користење на тестостерон, па иако многумина прогнозираа дека неговата кариера е завршена, Французинот на крајот извојува победа.

Судот за спортска арбитража ги прифати доказите на Погба и ја намали неговата казна од 4 години на 18 месеци, што значи дека Пол веќе се подготвува за враќање на терените во 2025-та година.

Погба ќе биде слободен да игра веќе во месец март, а поради тој повод, светските медиуми ги искористија изминатите неколку дена за да направат неколку интервјуа со светскиот шампион од 2018-та година.

Во интервјуто за „Газета“, Погба открива дека не останал сам и дека добил поддршка од голем број поранешни и актуелни соиграчи, но убедливо најголема потпора му бил Хуан Квадрадо.

– Изминатиот период беше тежок, но не недостасуваше љубовта од фановите и играчите. Не можев да имам редовен контакт со играчите на Јувентус поради правни работи, но играчите ми праќаа пораки на поддршка. Хуан Квадрадо ми беше најголема потпора и ми се јавуваше секои два дена. Тој правеше да се насмеам во текот на денот. Исто така, Дибала ми праќаше многу пораки за поддршка, а истото важи и за Влаховиќ, МекКени, Веа и Кин, – открива Погба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг