На најголемиот европски автомобилски пазар, купувачите се повеќе се одлучуваат за гуми за сите сезони.
Повеќе од 60 отсто од Германците немаат против да се префрлат на гуми за сите сезони, покажа истражувањето на компанијата за истражување на пазарот "Civey", нарачана од производителот на гуми "Michelin".
Иако истражувањето не покажа голема разлика меѓу северот и југот на Германија во овој поглед, беше забележано дека возачите во сојузните држави со прилично благи зими почесто се одлучуваат за гуми за сите сезони (71,7 проценти).
Во државите каде зимските гуми обично се попотребни, испитаниците биле помалку наклонети кон гуми за сите сезони, на пример во Баварија (50,7 проценти).
Продажбата на гуми за сите сезони значително се зголеми минатата година. Според соопштението на Федералната асоцијација на вулканизатори (BRV), продажбата на гуми за сите сезони се зголемила за 11,6 отсто во 2023 година.