Забележувањето на почетните знаци и симболи се клучни за рана дијагноза и лекување, а ова се петте симболи коишто ниту една жена не смее да ги игнорира.
Секаков вид на абнормално крвавење треба да се испита, но крвавењето помеѓу менструациите, крвавењето по интимен однос или крвавење во текот на постменопаузата можат да бидат знак на канцер на грлото на матката, а исто така може да се појави и кај други гинеколошки карциноми“, вели гинекологот Наредндра Писал за „Independent“.
„Канцерот на вулвата честопати се манифестира како грутка, чир, испакнатина којашто може лесно да се забележи. Доколку грутката е упорна и не исчезнува, морате да се консултирате со лекар“, вели лекарот.
„Упорното чешање на интимниот дел може да биде знак на габична инфекција, а понекогаш претставува пред канцероген знак на канцер на вулвата. Оваа состојба исто така може да се манифестира со зголемена чувствителност на вулвата, болка или чувство на пецкање“, предупредува Писал.
„Сите имам денови кога се чувствуваме подуени, особено во одредени периоди во текот на циклусот, до доколку постојано се чувствувате така, тоа може да биде знак на канцер на јајниците. Одредени жени со вакви симптоми велат дека не можат да ги облечат старите пантолони, а притоа не се здебелиле, всушност многумина од нив велат дека дури и ослабеле“, објаснува докторот.
„Иако поголем дел од жените се навикнати на болки во стомакот, по 45 година болката во стомакот може да биде знак на канцер на јајниците и затоа треба да се направи лекарски преглед. Пред 45 година, болките во стомакот се далеку побезопасни, и можат да бидат последица на инфекција или друг гинеколошки проблем, како што е ендометриоза, којашто исто така бара гинеколошки преглед“, вели лекарот.
Доколку почувствувате некои од наведените знаци на предупредување, важно е да не кревате паника, туку веднаш да закажете преглед кај гинеколог.