Тешко дека ќе најдете јадење кое се прави побрзо и поедноставно од ова, а пружа повеќе од густата чорба од тиква и зеленчук.
Тиквата е омилена есенска намирница, а малку е познато колку всушност е разновидна: може да се користи и во слатки и во солени јадења, пити, колачи, со месо...
Зошто треба да јадете тиква?
Според податоците на платформата „FoodData Central“ на Американското министерство за земјоделство, 100 грама сирова тиква содржи: 91,6 гр. вода, 26 калории, 1 гр. протеин, 0,1 гр. масти, 6,5 гр. јаглехидрати, 2,76 гр. шеќер, 21 мг. калциум, 0,8 мг. железо, 12 мг. магнезиум, 44 мг. фосфор, 340 мг. калиум и 9 мг. витамин Ц.
А тоа е само дел од богатиот состав на тиквата, бидејќи таа содржи и многу витамини како А, Е, К, Б6 и има бројни здравствени придобивки. Затоа, задолжително внесете ја тиквата во исхраната во текот на есента, а наједноставниот, најбрзиот и можеби највкусниот начин е - потаж.
Потребни состојки:
- 1 кг. тиква
- 2-3 лажици маслиново масло
- 1 кромид со средна големина
- 1 компир со средна големина
- 1 голем морков
- 150 мл. павлака за готвење
- 2 лажички сол
- многу малку вода
За декорација: семки од тиква, зачински билки по вкус, лажица павлака...
Подготовка:
Тиквата исчистете ја и исечкајте ја на коцки.
Кромидот исечкајте го на коцки, потоа морковот на тенки кругови и компирот на коцки, па на маслиново масло пропржете го кромидот.
Кога кромидот ќе омекне и ќе стане проѕирен, додајте ја тиквата, морковот и компирот, промешајте, па прелијте со малку вода (само за да ги покрие зеленчуците). Динстајте со поклопен капак околу 30 минути.
Кога зеленчукот ќе омекне и убаво ќе се свари, тргнете го од оган и изматете со рачен миксер. Додајте ја павлаката за готвење, посолете, промешајте, па вратете го тенџерето на шпорет и динстајте уште три минути.